4 Сезони
Господе научи нѐ дните да си ѓи броиме, та со мудро срце да се здобиеме! Од рани мугри, со Својата благодат насити нѐ, за да се радуваме и да Те славиме, сѐ додека постоиме! Псалм 90: 12-14
Нашата мисија и визија за подобра заедница
Активности што ги реализираме за нашата заедница
Посети, помош во домаќинството, и емоционална поддршка за достоинствен живот на старите лица.
Специјализирана програма за образование, вештини и емоционална поддршка на самохрани родители.
Во периодот јули – декмври 2025 година, здружението „4Сезони“ продолжи со редовна поддршка на корисниците преку хуманитарна помош, едукативни и меѓугенерациски активности, теренски посети, волонтерски ангажман. Исто така здружението како и секоја година, така и оваа организираше дружења и пригодни прослави со цел јакнење на социјалната вклученост, меѓусебната поддршка и чувството на припадност кај корисниците.
Програмата опфати:
Искуства и благодарности од луѓето кои ги поддржуваме
"На 15 години во сообраќајна несреќа ги имам изгубено двете раце и едната нога до колено. Живеам со протези. Тимот на 4Сезони ми помага во пазарување и храна.- Горица, 73 години
Благодарна сум на Господ што ги имам."
"Како самохрана мајка со помош на 4Сезони завршив средно образование за возрасни што ми помогна да најдам работа и да обезбедам подобра иднина за моите 3 деца."- Наталија, 31 година
"Волонтирањето во 4 Сезони ми даде нова слика како изгледа животот со потешкотии. Секој ден учам нешто ново од постарите генерации."- Филип / FitZ, 20 години, волонтер и креатор на овој веб-сајт
"Таа тешко се движи меѓу масата и креветот, но срцето ѝ чекори слободно. Ефка Поп Гонева нè пречека со насмевка што не бара ништо и со глас што смирува. Сама е, но не и осамена. Не се жали, не мрмори – благодари. Отидовме да ѝ однесеме трошка топлина и енергија, а си заминавме со лекција. Некогаш домовите во Македонија беа токму вакви –можеби мали по простор, а луѓето, луѓето големи по душа."- Тимот на 4 Сезони
Жените зад „4Сезони"
Нашиот тим го сочинуваат четири жени (и повеќе младеи волонтери), кои во 2017 година започнаа пилот-проект посветен на пензионери со ниски примања – активни и релативно здрави луѓе кои, и покрај нивната вредност, живееја на маргините на општеството, често осамени и заборавени.
Младите волонтери кои се вклучуваат во работата на 4Сезони донесуваат енергија и нови идеи, додека учат од искуствата на постарите.
Организации што ни помагаат во нашата мисија
Заедно можеме да направиме разлика