4 Сезони

Здружение на граѓани за помош и поддршка на стари лица и лица од ранливи категории „4 Сезони"

Господе научи нѐ дните да си ѓи броиме, та со мудро срце да се здобиеме! Од рани мугри, со Својата благодат насити нѐ, за да се радуваме и да Те славиме, сѐ додека постоиме! Псалм 90: 12-14

Кои сме ние?

Нашата мисија и визија за подобра заедница

Здружение на граѓани за помош и поддршка на стари лица и лица од ранливи категории „4 Сезони" - Скопје е непрофитна организација основана во 2018 година со мисија да обезбеди помош и поддршка примарно на стари лица, а потоа и на лица од ранливи категории - социјално загрозени семејства.

4 Сезони симболизира четири вида на поддршка и тоа: физичко здравје, ментално здравје, социјална грижа и активности.

Во рамките на организацијата „4 Сезони", 4 жени со труд и љубов ја претвораат својата работа во дело на милосрдие.

За нас

Наши проекти и приказни од корисниците

Активности што ги реализираме за нашата заедница

Програма за поддршка на стари лица

Посети, помош во домаќинството, и емоционална поддршка за достоинствен живот на старите лица.

  • Редовни активности во домот на корисниците
  • Заедничко дружење на корисниците од 4Сезони
  • Заедничка посета на старски домови
  • Заеднички празнични прослави
  • 2 Проекти со град Скопје
  • Донирање на храна
300+ корисници

Поддршка за самохрани родители

Специјализирана програма за образование, вештини и емоционална поддршка на самохрани родители.

  • Обуки за стекнување нови вештини
  • Сертифицирање на занаети
  • Образовна поддршка за децата
  • Групи за взаемна поддршка
50+ семејства

Основна програма и настани - Втора половина од 2025 година

Во периодот јули – декмври 2025 година, здружението „4Сезони“ продолжи со редовна поддршка на корисниците преку хуманитарна помош, едукативни и меѓугенерациски активности, теренски посети, волонтерски ангажман. Исто така здружението како и секоја година, така и оваа организираше дружења и пригодни прослави со цел јакнење на социјалната вклученост, меѓусебната поддршка и чувството на припадност кај корисниците.

Програмата опфати:

  • Редовна психосоцијална и теренска поддршка
  • Хуманитарни акции и дистрибуција на пакети со храна за Божиќ, Велигден и еднократна помош за семејства во итна потреба од храна
  • Едукативни и креативни работилници
  • Активности за меѓугенерациска инклузија и социјално поврзување
  • Козмеички третмани во „Енерџи“ - поддршка на корисници преку козметички услуги
  • Новогодишна и божиќна активност
Преку овие активности „4Сезони“ ќе продолжи да придонесува кон развој на одржливи програми засновани на акивна поддршка на заедницата.

Во пресрет на 8 Март - Меѓународниот ден на жените

Дел од коментарите на 30 жени денес, избрани по случаен избор:

  • *Лелеее и на мене мислел некој...
  • *Колку чини ова внимание?
  • *Дојди да те гушнам. Со години никој не ми подарил нешто...нема кој.
  • *За мене? Ама јас сум стара?
  • *Кои сте вие? Ми го разубавивте денот...
Активност која се одржа во пресрет на 8 Март - Меѓународниот ден на жените.

Животни приказни од нашите корисници

Искуства и благодарности од луѓето кои ги поддржуваме

Приказна 1
"На 15 години во сообраќајна несреќа ги имам изгубено двете раце и едната нога до колено. Живеам со протези. Тимот на 4Сезони ми помага во пазарување и храна.
Благодарна сум на Господ што ги имам."
- Горица, 73 години
"Како самохрана мајка со помош на 4Сезони завршив средно образование за возрасни што ми помогна да најдам работа и да обезбедам подобра иднина за моите 3 деца."
- Наталија, 31 година
Приказна 2
Приказна 3
"Волонтирањето во 4 Сезони ми даде нова слика како изгледа животот со потешкотии. Секој ден учам нешто ново од постарите генерации."
- Филип / FitZ, 20 години, волонтер и креатор на овој веб-сајт
Приказна 4
"Таа тешко се движи меѓу масата и креветот, но срцето ѝ чекори слободно. Ефка Поп Гонева нè пречека со насмевка што не бара ништо и со глас што смирува. Сама е, но не и осамена. Не се жали, не мрмори – благодари. Отидовме да ѝ однесеме трошка топлина и енергија, а си заминавме со лекција. Некогаш домовите во Македонија беа токму вакви –можеби мали по простор, а луѓето, луѓето големи по душа."
- Тимот на 4 Сезони

Тивка борба на една силна жена

„Животот ме научи на многу болка, но и на надеж“, вели Марика.

Марика Андоновска(1955) е родена во с. Станци – Крива Паланка, во сиромашно, но работливо семејство како четврто дете од десет, од кои само шест преживеале. Детството го поминала во работа на поле, грижа за стоката и домашните обврски. Иако посакувала да продолжи со средно образование, татко ѝ не ѝ дозволил. Кога имала само 16 години, поради тешката болест на татко ѝ, била присилно омажена без нејзина согласност. Така, уште пред да ја почувствува младоста, Марика го напушта родниот дом и започнува живот исполнет со тешки обврски.

Со сопругот Митре се преселуваат во Скопје. Долги години живеат во само во 16 м² од куќа(32m²), поделена на две семејства. Вода земаат од соседите, а тоалетот е надвор. Во тие тешки услови им се раѓаат син и ќерка – Сања, која уште од мала има здравствени проблеми и често завршува во болница.Со текот на времето сопругот почнува да пие и станва насилен, па товарот за грижа на семејствотоцелосно паѓа на Марика. Животот продолжува да носи нови предизвици. Внукот на се раѓа со церебрална парализа. Во 2018 година сопругот се разболува од карцином. Во 2020 година Сања добива мозочен удар – ѝ се парализира десната страна од телото и го губи говорот. И денес Сања нема говор и се движи со тешкотии, но сепак не е врзана за кревет. Истата година се разболува од Ковид-19, но одбива да оди во болница затоа што нема кој да се грижи за болниот сопруг и за ќерката. На крајот од годината Митре починува. Во 2021 година Марика се вклучува во програмата на „4 Сезони“, каде што добива храна, емотивна и духовна поддршка. Вклучена е активено во сите настани и работилници на здружението.
Денес таа вели дека е „нова личност во стара кожа“.

„Сè лошо оставам зад себе. Остатокот од животот што Господ ми го дал сакам да го живеам корисно и достоинствено.“ - Марика Андоновска
Приказна 4
Приказна 4
Приказна 4

Нашиот тим „Марта и Марија"

Жените зад „4Сезони"

Нашиот тим го сочинуваат четири жени (и повеќе младеи волонтери), кои во 2017 година започнаа пилот-проект посветен на пензионери со ниски примања – активни и релативно здрави луѓе кои, и покрај нивната вредност, живееја на маргините на општеството, често осамени и заборавени.

🌷 Жанка М. Карамазова – Жане

Координатор на организацијата

Жане е пролетта на тимот, секогаш насмеана, полна со живот и инспирација. Таа е извор на нови идеи и предизвици, а со посветеност го менаџира и координира тимот. Верува дека секој мал гест - топлина, добар збор или внимание во вистински момент - може да охрабри, подигне, излечи, па дури и да спаси нечиј живот. Нејзините идеи често ѓи преточува во проекти или настани и со ентузијазам учествува во нивното спроведување. Жане умее да ги поврзе луѓето (корисниците) и да создаде чувство на припадност, заедништво и сигурност.

☀️ Лефтерка Карамазова – Теки

Финансиски административен асистент

Теки е се грижи за административниот ред и финансиската документација. Таа обезбедува уредно архивирање, јасна евиденција и навремена поддршка за сите активности на здружението. Теки е тимски работник и со својата позитивна енергија, внесува ведрина но, исто така се грижи за секој поединец во групата да добие еднаква грижа и поддршка.

🍂 Мери Димитровска

Одговорна за комуникации и односи со јавноста

Мери е прониклива и секогаш внимателна кон секој детал. Со своето долгогодишно искуство во информатичките науки таа, ѓи следи новите трендови и ѓи информира корисниците за новитетите и сите корисни ресурси што можат да им помогнат. Мери го пренесува духот на вредностите на здружението кон јавноста и партнерите. Нејзината смиреност и аналитичност внесуваат рамнотежа и јаснотиа во секој проект што „4Сезони“ ја споделува со заедницата.

❄️ Вилма Хајредин

Советник за социјална работа

Вилма е тивка но, одлучна и силна жена. Таа се грижи секој член – стар, болен или семејство во потреба – да биде сослушан, нахранет и поддржан. Нејзиниот дом секогаш е отворен за разговор и дружење со корисниците на услугите на „4Сезони“. На секое лице Вилма му приоѓа со емпатија и разбирање. Таа умее да ја препознае анксиозноста или запоставеноста на здравјето и внимателно потсетува на важноста од грижата за примарното здравје.

Младите волонтери кои се вклучуваат во работата на 4Сезони донесуваат енергија и нови идеи, додека учат од искуствата на постарите.

Наши поддржувачи

Организации што ни помагаат во нашата мисија

Контактирај нѐ

Заедно можеме да направиме разлика

📧

Е-пошта

4sezonimk@gmail.com

📞

Телефон

+389 78 966 151

📍

Адреса

Руди Чајавец 15 - Скопје, Македонија