Приказна во фокус
Две раце, едно срце
Мајка и ќерка – два живота, една нераскинлива љубов.
Годините минуваат, но мајчината грижа не познава граници. Таа сама се грижи за својата ќерка со церебрална парализа, секој ден носејќи ја љубовта, грижата и силата што ѝ се потребни. Во нивниот дом нема големи зборови – има тивки гестови, секојдневна рутина која со годините станува сè потешка за истрошеното тело. Лиле, мајката на Ирина, е постојано ведра. Но зад насмевката носи страв и болка – стравот на мајката која секојдневно се прашува: „Што ќе биде со моето дете кога јас повеќе нема да можам?“
Тоа прашање не го изговара гласно, а Ирина ѝ возвраќа со истата насмевка. Тимот на „4 Сезони“ не доаѓа за да ја замени нејзината грижа, туку за да ја сподели – со поддршка и разговор, за Лиле да знае дека не е сама.
Мајчината љубов не старее. Стареат само рацете што ја носат – и затоа сме тука, да ја понесеме заедно.
Лиле и Ирина



















